Џуд Белингам имаше искрено и емотивно обраќање до навивачите на Реал Мадрид по елиминацијата од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Кралскиот клуб загуби со 1-2 на „Сантијаго Бернабеу“, а поразот од 3-0 во Лондон значеше и убедлив вкупен резултат од 1-5 во корист на англискиот тим.
„Едноставно не одговоривме на очекувањата на овој клуб во ниту еден од двата натпревари. Жалам, мадридисти. Разбираме колку многу ви значат овие европски вечери и колку важен е овој турнир за сите вас. Сè уште имаме шанси да ја спасиме сезоната, но тоа ќе биде можно само ако останеме заедно. Реал Мадрид ќе се врати“, објави Белингам на Инстаграм.
Младата англиска ѕвезда испрати порака со надеж и решителност, и покрај големото разочарување, најавувајќи дека Реал Мадрид ќе се врати посилен. Сега фокусот останува на Ла Лига и можната титула во домашниот шампионат, како и финалето во Купот на Шпанија, каде се среќаваат против Барселона.