Белиот шампионски дрес со број 34 е подготвен, Кралевите можат да го облечат вечерва со победа против Вилјареал (Фото)

Реал Мадрид е подготвен за победа против Вилјареал вечерва од 21 часот, што ќе значи и 34-та шампионска круна во Шпанија.

И кралскиот бел дрес со бројот 34 е веќе објавен и се знае како ќе изгледа за евентуалната прослава на шампионот рекордер по бројот на пехари во Шпанија.

Сè што треба е да се надигра и да се победи Жолтата подморница вечерва од 21 часот, за разликата во однос на вечниот ривал Барселона да стане недостижна пред да се одигра и последното коло во Ла Лига.

Моментно пред денешното претпоследно коло Реал има 83 бода, а Барселона како единствен конкурент за титулата е со 79 бода на втората позиција.

Реал Мадрид ќе има уште една шанса ако евентуално вечерва не успее да го победи Вилјареал и ќе игра во Мадрид против Леганес како гостин во меч од последната рунда во шпанското првенство.

Кралскиот клуб е рекордер по бројот на титули во Шпанија и е на прагот на 34-тиот пехар, пред Барселона со 26, Атлетико Мадрид со 10, Атлетик Билбао со 8, Валенсија со 6, Реал Сосиедад со две и Депортиво Ла Коруња, Севилја и Бетис со по една шампионска круна.

 

- Оглас -

Најнови вести