Белорусите си го почнаа првенството, и тоа со публика

Енергетик БГУ го победи БАТЕ Борисов со 3-1 во натпреварот со кој се отвори сезоната во белоруското фудбалско првенство. Не само што Белорусите одлучија да играат туку на натпреварите е дозволено да присуствува и публика. Белорусија е единствената европска земја во која се игра фудбал во моментов.

Глобалната пандемија од Коронавирусот не им може ништо, или така мислат. Клубовите и Федерацијата заеднички ја донеле одлуката да се игра и сезоната да си почне денеска како што беше планирано, иако и од УЕФА препорачуваат да не се игра, особено не со публика.

Моментно во Белорусија има 36 потврдени заболени од Коронавирусот. Репрезентацијата на Белорусија на 26 март требаше да игра полуфинале со Грузија од Лигата Д во Лигата на нациите и победникот да се сретне во финале со Македонија или Косово. Баражот е одложен и можеби по одигрување на првото коло, сепак и Белорусите ќе прекинат бидејќи не сакаат да играат без публика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести