Фудбалерот на Милан, Исмаел Бенасер, смета дека Росонерите може да го победат Јувентус, а оптимизмот го темели на влијанието кое врз тимот го има новиот тренер Стефано Пиоли.
Седумкратниот европски шампион е 11-ти на табелата и победи само еднаш откако Пиоли го замени Марко Џампаоло. Но, Бенасер е оптимист и им се закани на Бјанконерите.
„Ние сме Милан, а не Лече. Јувентус и Лече завршија нерешено, така што ние можеме да триумфираме“, вели Алжирецот, кој мисли дека падот на концентрација е најголемиот проблем на Милан.
„Милан е клуб со богата историја и треба да даваме максимум поради нашите фанови. Ако треба да ги споредам тренерите, Пиоли е поблизок со нас. Тој разговара со секого очи во очи и ни кажува точно што очекува од нас”, објаснува Бенасер.