Португалскиот тим Бенфика ја победи Ница со 0-2 на гости и направи голем чекор кон пласманот во плејофот за групната фаза од Лигата на шампионите.
Фрањо Ивановиќ во 53-тата минута донесе предност за Бенфика, а Флорентино го потврди триумфот во 88-та минута.
Феенорд го победи Фенербахче со 2-1 на првиот меч во Холандија. Тимбер го отвори резултатот во 19-тата минута, а израмни Софијан Амрабат во 86-тата минута.
Сепак, Феенорд стигна до победа со голот на Хаџ Муса во 91-та минута од средбата.