14.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Бенфика го изненади Баерн, мечот на Бока и Оукленд е прекинат (Видео)

Фудбалерите на Бенфика забележаа голема победа над Баерн Минхен и како првопласирани во групата продолжуваат во осминафиналето од Светското клупско првенство.

Португалците славеа со минимални 1-0, а единствениот гол беше дело на Норвежанецот Андреас Шјеллдруп уште во 13-тата минута.

Вториот меч од групата „Ц“, помеѓу Бока јуниор и Оукленд е прекинат во 53-тата минута поради најавата за големо невреме во Нешвил. До моментот на прекинот резултатот беше 1-1, откако Героу во 26-тата минута си постигна автогол за водство на Аргентинците од 1-0, а Кристијан Греј во 52-рата минута испиша историја за екипата од Нов Зеланд и го постигна првиот гол за нив на клупскиот Мундијал откако претходно примија 17.

Дуелот помеѓу Бока јуниорс и Оукленд е петтиот кој е прекинат на ова Светско клупско првенство од 38 натпревари, колку што се одиграа досега, а втор на кој настапува екипата од Нов Зеланд.

- Оглас -

Најнови вести