Само три гола беа постигнати на првите два меча од денешната програма во Лигата на шампионите.
Бенфика со Жозе Мурињо на клупата дојде до првата победа оваа сезона во елитното натпреварување, откако со 0-2 славеше на гостувањето кај Ајакс во Амстердам. Дал и Бареиро постигнаа по еден гол за првите бодови на Бенфика оваа сезона во Лигата на шампионите.
Белгиски Ројал Унион изненадувачки дојде и до втората победа во Лигата на шампионите и повторно на гостински терен, откако со 0-1 победи на гостувањето кај Галатасарај во Истанбул. Единствениот гол на мечот беше дело на Дејвид во 57-мата минута.

