Или да се донесат двете барани засилувања до крајот на јануари, или во јуни го напуштам Њукасл. Ова биле зборовите со кои тренерот Рафаел Бенитес им дал ултиматум на раководните луѓе на „чавките“ од северот на Англија.
На Шпанецот Бенитес очајно му требаат нови играчи, а во декември до челниците на Њукасл даде листа со потенцијални засилувања на секоја позиција посебно и со различни цени. Засега клубот не купи никого од таа листа и ако не потроши пари и во наредните девет дена, по завршувањето на сезонава ќе мора да бара нов тренер.
Бенитес смета дека клубот има доволно пари од продажбата на Александар Митровиќ во Фулам за повеќе од 20 милиони фунти, а наскоро ќе добијат и 55 милиони од телевизиските права.
Њукасл и во минатото има трошено пари во јануари, во зимата 2005 го купија Мајкл Овен, а и овојпат ветиле дека ќе му ја исполнат желбата на Бенитес, но засега зборовите никако да се преточат во дело.
Една од целите на Њукасл е парагвајскиот племејкер Мигел Алмирон од Атланта јунајтед, но американскиот клуб бара обештетување од 30 милиони фунти, што е повеќе од сумата која Њукасл планира да ја потроши. Од клубот би се обиделе и бесплатно да донесат еден играч на позајмица.