Бензема е вистински крал на Реал Мадрид, вечерва се израмни со голема легенда на клубот

Карим Бензема е вистински крал на стрелците на Реал Мадрид, а вечерва со нов погодок успеа да се израмни на вечната листа на УЕФА во Лигата на шампионите со голема легенда на клубот од престолнината на Шпанија.

Францускиот интернационалец погоди за конечни 1:1 против Челзи во 29-тата минута вечерва на првиот полуфинален дуел во ЛШ и со вкупно 71 гол се израмни со Раул Гонзалес на четвртото место на листата со најдобри стрелци во Лигата на шампионите.

Пред Бензема се тројца активни играчи, а лидер е Кристијано Роналдо со 134 погодоци, пред Лионел Меси со 120 и Роберт Левандовски со 73.

Реал и Челзи вечерва одиграа нерешено, 1:1 во првиот дуел од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите, па на реваншот во Лондон на 5 мај ќе се одлучува судбината на едниот финалист.

Утре од 21 часот во Париз ќе почне и второто полуфинале, а на „Паркот на принцовите“, Пари Сен Жермен ќе му биде домаќин на Манчестер сити.

Реваншот ќе се игра во Англија на 4 мај.

 

- Оглас -

Најнови вести