Реал Мадрид синоќа се спаси од пораз на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах и одигра 2:2 благодарение на погодоците во последните неколку минути од мечот. До 87-мата минута, Борусија водеше со 2:0, но потоа погодија Карим Бензема и Касемиро, па Реал стигна до првиот бод во групната фаза од Лигата на шампионите.
На полувремето од дуелот во Германија, додека играчите заминуваа кон соблекувалните, камерата го забележа Бензема како сака да го саботира соиграчот Винисиус јуниор. Иако Винисиус беше во непосредна близина на Бензема, францускиот голгетер без многу размислување му се обрати на Менди.
„Мене додај ми ја топката, а не нему. Тој игра против нас.“, му вели Бензема на Менди.