Бензема ги реши сите дилеми

Карим Бензема има 35 години, но и понатаму е прва опција во нападот на Реал Мадрид. Францускиот напаѓач има договор со Кралскиот клуб до јуни 2024 година, но во последно време имаше многу шпекулации дека тој може да си замине на крајот од оваа сезона.

За Бензема се интересираа неколку клубови од Саудиска Арабија кои сакаа да го доведат Французинот во лигата во која од пред неколку месеци игра Кристијано Роналдо. Бензема во Реал дојде во 2009 година и во 637 мечеви досега има постигнато 348 голови, а има и 165 асистенции.

Според планот на Реал кој го пренесува шпанска „Марка“, Бензема ќе биде главен во Реал до крајот на наредната сезона, а потоа ќе го отстапи местото на младиот Бразилец Ендрик за кого беа платени преку 70 милиони евра за да пристигне на „Сантијаго Бернбеу“.  Ендрик уште нема наполнето 18 години и како играч кој доаѓа надвор од европската зона, нема право за настап додека не биде полнолетен.

- Оглас -

Најнови вести