27.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Бензема го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот

Карим Бензема го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот, објави „Футмеркато“.

Бензема за три години колку што ќе го носи дресот на саудискиот Ал-Итихад, ќе заработи неверојатни 600 милиони евра, односно 200 милиони евра по сезона. Според медиумите, Бензема сигурно ќе биде играч на Ал-Итихад до 2025 година, со опција истиот да се продолжи за уште една година.

Овој договор, е за 100 милиони евра потежок од тој на Кристијано Роналдо што го потпиша со Ал-Наср. Португалецот исто така заработува по 200 милиони евра по сезона, но потпиша на две и пол години.

Ал-Итихад ќе биде третиот клуб во кариерата на Бензема, тој сезоната ја започна во Олимпик Лион, а од 2009 година па до неделата, го носеше дресот на Реал Мадрид.

https://twitter.com/RMahgari/status/1666076096008208384?s=20

- Оглас -

Најнови вести