Бензема на доделувањето на Златната топка се појави и со сопругата и со девојка која е топ модел

Фудбалерот на Реал Мадрид и на француската репрезентација, Карим Бензема, во понеделникот сосема заслужено ја доби Златната топка, а на свечената церемонија поголемо внимание предизвика тоа што покрај сопругата се појави со девојка.

Бензема иако сè уште е во брак, на церемонијата ја поведе девојката Џордан Озуну, која мамеше погледи и воздишки од присутните.

Но, нејзиниот пат до славата не е лесен иако денеска е топ-модел и е заштитно лице на доста брендови.

Џордан Озуни пред да влезе во манекенските води, работеше како келнерка, и тоа во Лас Вегас. Таа на социјалните мрежи објави фотографија од Бензема со Златната топка.


„Секоја чест, капитену! Оваа награда не е само резултат на твојот успех годинава, туку и на стабилноста што ја постигна во текот на кариерата. Не можам да ти кажам колку сме горди на тебе. Ви благодарам многу што го поддржавте во оваа прекрасна година“, напиша Џордан Озуну на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Ozuna (@itsjiordynn)

 

Голем проблем во романсата на Бензема и Џордан е тоа што фудбалерот на Реал Мадрид сè уште е во брак со Кора Галтие, со која има дете иако повеќе не живеат заедно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Ozuna (@itsjiordynn)

- Оглас -

Најнови вести