Карим Бензема предизвика бура од реакции со објавата на социјалната мрежа „Икс“ (пораешен Твитер) во која му даде поддршка на палестинскиот народ во борбата против Израел.
„Нашите молитви се со жителите на Газа, кои уште еднаш се жртви на неоправдано бомбардирање во кое не се поштедени ниту жените ниту децата“, напиша Бензема на „Икс“.
Но, неговата поддршка за Палестинците наиде на осуда кај француските политичари, кои го обвиниија дека станал агент на терористичката организација Хамас, која пред десетина дена го предизвика конфликтот со гранатирањето на израелски градови и со убиствата и киднапирањето на Израелци.
„Бидејќи тоа го напиша, Бензема стана агент на пропагандата на Хамас, која има стратегија да го уништи Израел“, реагираше Надин Морано, француска политичарка која е членка на европскиот парламент во Стразбур.
"Mr. Karim Benzema has notorious links, as we all know, with the Muslim Brotherhood."
Gerald Darmanin, France’s Interior Minister, has levelled serious accusations at Karim Benzema during a TV interview with CNews.pic.twitter.com/pFDmvWePWn
— Football España (@footballespana_) October 17, 2023
Бензема, кој летово потпиша за саудискиот Ал-Итихад, се најде на удар и на францускиот министер за внатрешни работи Жерал Дарманин, кој пак го обвини фудбалерот дека соработувал со терористи.
„Затворивме повеќе од 1.100 муслимански центри и овојпат му се обраќам на господинот Карим Бензема, кој одржува контакти со терористите кои ги знаеме како ‘Муслимански браќа’“, изјави Дармани.