Бензема се оправда по споредбата со Жиру: И ја сум картинг во однос на Роналдо

„Јас сум Формула 1, а Жиру е картинг, не споредувајте тие две нешта“, беше изјавата на Карим Бензема, кој не сакаше да биде споредуван со напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру. Францускиот ас наиде на бројни критики по таа споредба, но тој се оправда посочувајќи дека медиумите не ја пренеле во целост неговата изјава.

„Тоа што го кажав е вистина, но не заборавајте дека спомнав и колкав е неговиот придонес за француската репрезентација. Истакнавте само дека јас кажав дека сум Формула 1, а тој е картинг. Тоа е точно, но исто така треба да имате предвид дека во споредба со Роналдо Назарио, и јас сум картинг“, се оправда Бензема.

Екснапаѓачот на Лион последен пат го носеше дресот на селекцијата на Триколорите на СП 2014 година, а интернационалната кариера му заврши по уцените кон Матју Валбуена поради контроверзна видеоснимка, откако селекторот Дешамп го отфрли од составот.

- Оглас -

Најнови вести