Бензема со интересна споредба: Јас сум Формула 1, тој е картинг

Француската фудбалска репрезентација пред две години се искачи на светскиот трон откако на Мундијалот во Русија стигна до златниот медал. Меѓу оние 23-ца играчи кои ќе останат запишани во историјата како златни Галски петли не се најде името на Карим Бензема.

Голгетерот на Реал Мадрид игра во одлична форма во најтрофејниот европски клуб, но сепак не се најде на листата на играчи кои беа на планетарниот собир во Русија. На местото на Бензема беше повикан Оливие Жиру, но тоа не беше поради тоа што Жиру е подобар играч од Бензема, туку затоа што ѕвездата на Реал беше исфрлен од националниот тим.

Бензема направи огромна грешка затоа што се обиде да го уценува соиграчот од француската репрезентација Матие Валбуена со секс-снимка. Откако целата ситуација се појави во јавноста, Бензема беше избркан од селекцијата на Франција и на тој начин ја загуби шансата да стане светски првак. Ѕвездата на Реал Мадрид воопшто не сакаше да се споредува со Жиру.

„Немојте да споредувате Формула 1 со картинг. И да знаете дека сум пристоен… затоа што знам дека сум Формула 1“, рече Бензема.

Жиру за Франција има одиграно 91 меч и има постигнато 39 голови. Бензема за репрезентацијата на Франција е со биланс од 73 меча и 27 погодоци помалку. Сепак, тешко дека Бензема повторно ќе го видиме во дресот на Франција затоа што претседателот на Фудбалската федерација Ноел ле Грет изјави дека вратата во националниот состав за голгетерот на Реал е засекогаш затворена.

 

- Оглас -

Најнови вести