Бензема им се приклучи на Модриќ, Винисиус, Алаба, Камавинга и Менди на листата на фудбалери кои вечерва нема да играат за Реал

Реал Мадрид има 11 бода заостанување во однос на лидерот Барселона и Кралскиот клуб има мали шанси да го одбрани тронот во Примера дивисион. Мадридскиот гигант вечерва ќе гостува кај Сосиедад во рамките од 33-тото коло на шпанското првенство, а тренерот Карло Анчелоти има големи проблеми околу составот.

Поради повреди јасно е дека нема да играат Модриќ, Алаба и Менди, а суспендирани се Камавинга и Винисиус. На овие петмина денеска им се приклучи и Карим Бензема. Најдобриот стрелец на Реал по четврти пат стана татко, а Анчелоти реши да му даде и слободен период, но и да биде поодморен во пресрет на финалето од Купот на Шпанија, кога следниов викенд ќе играат против Осасуна.

Во последните 10 средби меѓу Реал Мадрид и Сосиедад, мадридскиот тим има само четири победи, три пати било нерешено, а три пати се радувал Сосиедад, што е само најава за интересен дуел вечерва.

 

- Оглас -

Најнови вести