Бензема со историски хет-трик, стигна до четвртото место на најдобри стрелци во Примера

Реал Мадрид брзо се врати на победите во шпанското првенство, откако на „Сантијаро Бернабеу“ убедливо со 4:2 ја победи Алмерија. Карим Бензема беше играчот на мечот, откако францускиот голгетер одигра блескаво прво полувреме во кое постигна три гола.

Шоуто на Бензема започна уште во петата минута кога погоди по асистенција на Винисиус. Во 17 минута Бензема повторно беше прецизен, овојпат по додавање на Родриго, а хет-трикот беше комплетиран во 42 минута кога најдобриот играч на Реал погоди и од пенал.

Ова беше трет меч во април на кој Бензема постигнува по три гола. Првиот хет-трик го постигна против Валјадолид на 2 април, а потоа блесна и во Ел Класико кога даде три гола на „Камп Ноу“ против Барселона во Купот. Сега со овие три гола стигна до трет хет-трик во еден месец.

Со овие три погодоци против Алмерија, Бензема стигна до бројката од 234 гола во Примера дивисион со што се израмни со Уго Санчез на четвртото место на вечната листа на стрелци. Пред Бензема сега се само Телмо Зара со 252 гола, Кристијано Роналдо со 311 и Лионел Меси со рекордни 474 погодоци во шпанското првенство.

Во продолжение на средбата, гостите постигнаа два гола, а Реал погоди уште еднаш за целосно уживање на фановите на “Сантијаго Бернабеу”.

 

- Оглас -

Најнови вести