6.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Бензема со провокација до Роналдо

Трансферот на Карим Бензема од Ал-Итихад во Ал-Хилал беше една од главните причини за Кристијано Роналдо да започне бојкот во Ал-Наср. Португалецот беше разочаран што неговиот клуб не носи квалитетни засилувања, додека главните ривали во трката за титулата трошат големи суми на пари за нови фудбалери.

Роналдо бојкотираше неколку дена, не тренерираше, но и не играше на два меча, па конечно се очекува в сабота да биде во составот на Ал-Наср, кој е во борба за титулата.

Интересно е дека според одредени медиуми, Бензема дополнително ставил „масло на оганот“ кога се работи за бојкотот на Роналдо, откако француската ѕвезда се пофалила дека со направениот трансфер, сега има зголемен договор, но и тоа дека повторно е во ситуација да ја освои титулата. Ал-Итихад, каде што досега играше Бензема, е актуелен првак во Саудиска Арабија, додека Ал-Хилал е актуелен лидер во тековното првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести