Бензема влезе во елитно друштво во кое има само петмина фудбалери со вакво достигнување во ЛШ

Капитенот на Реал Мадрид, Карим Бензема, вечерва влезе во елитен клуб на фудбалери кои одиграле најмалку 150 натпревари во Лигата на шампионите.

Вечерашниот натпревар против Сините во Лондон беше 150-ти за Французинот во ЛШ, а по полуфиналните пресметки, ако настапи, на листата ќе го помине актуелниот тренер на Барселона, Чави Ернандес, кој има 151 натпревар во ЛШ.

Бензема првите 19 натпревари во ЛШ ги одигра во дресот на Олимпик Лион, а потоа уште 131 настап запиша како играч на Реал Мадрид.

На првото место се наоѓа Кристијано Роналдо со 183 натпревари во ЛШ, а пред Бензема, покрај Португалецот и Чави, се наоѓаат уште и Икер Касиљас со 177 и Лионел Меси со 163 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести