Спектакуларно е финалето на Вимблдон – Беретини знае да одигра и „твинер“, Ѓоковиќ зачини со удар од зад грб (Видео)

Финалето на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини е спектакуларно, а поенот што го одиграа двајцата тенисери во вториот сет е можеби и најдобар на турнирот.

Ѓоковиќ со прекрасен лоб удар го испрати ривалот во аголот, но Беретини одговори со фантастичен „твинер“, односно удар меѓу нозе, што ја врати иницијативата на негова страна.

Најдобриот тенисер на светот се обиде да возврати со удар од зад грб и за негова несреќа ја погоди мрежата во најубавиот поен во финалето.

https://twitter.com/joshnsanchez/status/1414236984323842059?s=20

Беретини го доби првиот сет со 7:6, иако имаше негатива од 2:5 во гемови, а потоа возврати Новак со 6:4 за израмнување на 1:1 во сетови. Во тек е третиот сет, а финалето се игра според системот „кој прв до три сета“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести