Бернардо е ѕвезда на вечерта: Мал сум, ама добар сум во играта со глава!

Бернардо Силва е прогласен за најдобар играч на натпреварот Манчестер сити – Реал Мадрид, неговите два гола во првото полувреме го скршија противникот и најавија пласман во финалето за Сити.

„Знаевме дека ќе биде тешко, се надевавме на победа, но да го победиш овој тим на Реал со 4-0 е нешто прекрасно. Бевме мотивирани и организирани. Мојата игра на првиот меч во Мадрид не беше како што сакав и вечерва желба ми беше да надоместам. Морав да играм подобро. Низок сум, но добар со глава“, рече Силва.

- Оглас -

Најнови вести