Берти Фогтс: Ако ја победиме Англија, ќе бидеме европски прваци

Германците го памтат и сакаат реприза на триумфот од пред точно 25 години, кога во полуфиналето на Европското првенство ја елиминираа Англија на „Вембли“. Панцерите на тоа првенство беа предводени од легендарниот Берти Фогтс и по победата над Англија, подоцна стигнаа и до златото. Фогтс, кој сега има 74 години, верува дека може да има реприза на тоа што се случи од пред четвртина век.

„Убеден сум дека ако ја победиме Англија, ќе ја освоиме титулата за европски прваци. Нема фаворит на овој дуел, но наша предност е психолошката страна и историјата која вели дека сме победувале. И тоа може да влијае на овој меч. Притисокот е на страната на Англија и ние затоа ќе победиме“, оптимистички вели Фогтс.

На мечот од пред 25 години, Германија победи по подобро изведување на пенали, а единствен кој не погоди беше токму сегашниот селектор на Англија, Герет Саутгејт.

 

- Оглас -

Најнови вести