Беса и Пелистер чекор поблиску до целта, мешаница на дното во Втората лига

Екипите на Беса и Пелистер се уште еден чекор поблиску до остварување на целта, а тоа е пласман во прволигашката конкуренција, што за битолчани би било враќање во елитата, а за екипата од гостиварско деби во Првата лига.

Пелистер на убедлив начин дојде до победата на домашен терен, откако славеше со 3-0 над Арсими. Беса победи со 2-1 против Скопје, откако на полувремето имаше негатива од 0-1.

Победа забележа и третопласираната екипа на Детонит Плачковица, која со 1-3 славеше на гостувањето во Кочани, против Осогово.

Вистинска мешаница има на дното на табелата. Караорман, Осогово, Победа и Тетекс загубија, а по бод освоија само екипите на Саса и Новаци, па борбата кои две екипи ќе бидат нови третолигаши, а која ќе игра бараж ќе се води најверојатно до самиот финиш од сезоната.

Резултати:

Башкими – Караорман 5-1
Беласица – Саса 1-1
Беса – Скопје 2-1
Охрид – Новаци 2-2
Осогово – Детонит П. 1-3
Пелистер – Арсими 3-0
Победа – Арсими 0-1
Тетекс – Вардар Н. 1-2

Табела: 1. Беса 63, 2. Пелистер 57, 3. Детонит П. 49, 4. Арсими 41, 5. Охрид 38, 6. Башкими 37, 7. Скопје 35, 8. Беласица 31, 9. Кожуф 31, 10. Вардар Н. 31, 11. Новаци 25, 12. Тетекс 24, 13. Победа 23, 14. Осогово 20, 15. Саса 18, 16. Караорман 15.

- Оглас -

Најнови вести