Беса испадна од Првата лига, а нема да игра ниту во Втората лига

Фудбалскиот клуб Беса од денес официјално ќе функционира само како младинска академија, откако раководството реши да го згасне сениорскиот тим. Одлуката пристигна само еден час по поразот во баражот за пласман во Првата лига и предизвика шок меѓу навивачите и фудбалската јавност. Сличен потег во минатото презеде и раководството на Ренова.

Во емотивно соопштение, раководството на Беса 1976 ја објасни одлуката.

„По долг период на посветеност, пожртвуваност и љубов кон нашиот сакан клуб, сопствениците на Беса 1976 ја донесоа тешката одлука да се повлечат од водството на сениорскиот тим.

Од денес, клубот повеќе нема да се натпреварува во Втората лига на Македонија. Целото внимание и енергија ќе бидат насочени исклучиво кон развојот на младинската академија.

Упатуваме длабока благодарност до сите играчи и тренери кои беа дел од овој пат. Во овој момент на разделба, чувствуваме обврска – и искрена желба – да им се заблагодариме од срце на сите навивачи кои беа со нас и во добри и во тешки времиња, на секој играч што со гордост го носеше дресот, на сите тренери и членови на техничкиот штаб, соработници, спонзори, и секој поединец кој придонесе, без разлика дали неговиот придонес бил голем или мал.

Вашата поддршка значеше сè за нас“, стои во соопштението на клубот.

- Оглас -

Најнови вести