Шкендија со пресврт го победи Пелистер со 2-1 и на дербито со Вардар в четврток во Скопје влегува со четири бода негатива зад најтрофејниот македонски клуб.
Тетовци се во налет, имаат серија од шест победи по ред во Првата македонска фудбалска лига, а и веќе немаат обрвски во европските купови и ќе се фокусираат на домашните натпреварувања.
Битолчани поведоа со гол на Стефан Спировски, но и самите како да се изненадија од тоа водство и почнаа да се бранат, но не успеаја да останат непоразени.
Двата гола за Шкендија ги постигна Бесарт Ибраими. Најдобриот стрелец во историјата на македонската прва лига немаше дадено гол повеќе од пет месеца, но денеска беше двоен стрелец.

