Бесарт Ибраими рамо до рамо со Меси и Левандовски!

Најдобриот стрелец во историјата на Првата македонска фудбалска лига и моментно прв голгетер во лигата, Бесарт Ибраими, се најде на една листа во која друштво му прават мегаѕвезди како Лионел Меси и Роберт Левандовски.

Станува збор за листа на најефикасни фудбалери коишто имаат 34 или повеќе години во европските лиги.

Сезонава Ибраими е одличен во дресот на Струга Трим Лум, редовно ги тресе противничките мрежи и го носи тимот кон историска прва титула. Ибраими во декември ќе наполни 36 години, но тоа не е пречка и понатаму да држи лекции како се даваат голови во нашето првенство.

- Оглас -

Најнови вести