Беше нокаутиран, не знаеше каде е, и почна да слави победа! (Видео)

Шпанскиот кикбоксер Хозе Марија Кеведо доби силен удар, по кој падна и судијата ја прекина борбата, но ова немаше да биде ниту чудно, ниту смешно ако не се случеше тоа што се случи откако Кеведо се исправи на нозе.

Тој беше дезориентиран, почна да трча надвор од рингот кон соблекувалните, а кога го вратија во ринг за да се прогласи победникот, тој креваше раце и ѝ отпоздравуваше на публиката. Очигледно уште беше во полусвесна состојба и мислеше дека е победник. Победата му припадна на Французинот Хаким Кетаеб.

- Оглас -

Најнови вести