Милвоки бакс е елиминиран уште во првото коло од плејофот во НБА лигата откако со 4:2 во победи загуби од Индијана. Последниот пораз, најлошо го поднесе Патрик Беверли кој имаше неколку испади.
Најпрво, додека траеше мечот, а Беверли седеше на клупата за резервни играчи, влезе во конфликт со дел од навивачите на противничкиот тим. Откако еден навивач му ја подаде топката, тој луто реагираше и веднаш се обиде со топката да го погоди навивачот во глава. Веднаш реагираа останатите играчи и спречија Беверли да направи поголем инцидент.
https://twitter.com/i/status/1786199895801467323
По завршување на мечот на кој Беверли постигна само шест поени со шут од поле 3/11, реши да се кара и избрка една новинарка. Тој не сакаше да и даде изјава затоа што таа не го следела неговиот подкаст канал.
Patrick Beverly tells female reporter from ESPN that she cannot interview him since she doesn't subscribe to his podcast. pic.twitter.com/sRFHiZJaSK
— Alex Golden (@AlexGoldenNBA) May 3, 2024