Многу фудбалери блеснуваат на почетокот од нивните кариери, а потоа ги снемува затоа што едноставно не можат да го издржат притисокот или едноставно не може да се снајдат во голем клуб. Еден од многуте такви примери е Португалецот Жоао Карлос Техеира.
Пред 15-тина години за овој фудбалер се зборуваше дека е еден од светските надежи, па во 2012 година од Спортлигн Лисабон направи трансфер во Ливерпул. Сепак, не успеа да се снајде во гигантот од „Енфилд роуд“, па одеше на позајмици во Брентфорд и Брајтон, а потоа во 2017 година реши да се врати во Португалија.
Се обиде да се докаже во Порто и Брага, но и таму не успеа. Кариерата ја одржуваше со играње во Фамаликао, а потоа замина во Феенорд. Во 2022 година си замина од Ротердам и реши да замине далеку од Европа.
Најпрво потпиша за Ум Салау од Катар, а потоа замина во Кина. Сега, на 33 години се снајде во тимот на Шангај Шенхуа, каде што заработува малку повеќе од еден милион евра годишно.
На крајот Техеира ќе се памети како еден од многуте фудбалски „скитници“ кој многу ветуваше во тинејџерските денови, но потоа се губи од главната фудбалска светска мапа.

