Беше ѕвезда во Европа, ја загуби ногата, банкротираше, сега е келнер во пицерија (Видео)

Уругваецот Дарио Силва за да може да преживее, работи како келнер во една пицерија во Малага, а до пред 15-тина години беше врвен фудбалер кој добро заработуваше низ европски клубови во коишто даде 109 гола.

Дарио Силва како член на Малага, Еспањол и Севилја ги тресеше мрежите во Шпанија, растураше и во Калјари, беше член и на Портсмут, играше за репрезентацијата на Уругвај на Светското првенство во 2002 година, беше ценет, но не заработи доволно пари за удобен живот и сега е келнер. Животот на Силва доби поинаков тек во 2006 година, кога возејќи пијан, имаше сообраќајна несреќа во која остана без десната нога (му го ампутираа делот од коленото надолу). Тогаш Дарио имаше 34 години. Му беше вградена протеза и сега функционира нормално.

„Каде ми се парите? Ме крадеа агентите. Тешко ми е по ампутацијата на ногата, но можеше да биде и полошо. Сега работам во пицеријата, мора од нешто да живеам“, вели 46-годишниот Силва, кој повторно е во Шпанија.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=129&v=YdUJ_6Nh4qc

- Оглас -

Најнови вести