Бешикташ го смени ставот за 24 часа, сега потврдија средба на нивниот скаут со Вардар

Фудбалскиот клуб Бешикташ, сепак, призна дека нивниот тренер за скаутинг на првиот тим бил во посета на скопскиот Вардар. Вчера истанбулскиот клуб испрати соопштение во кое негираа каков било договор за соработка со Вардар.

Ова било шокирачко за раководството на најтрофејниот македонски клуб, веројатно имало и реакција до Турците, па тие денеска се поправија, делумно.

„Бајрам Билим, тренерот за скаутинг на нашиот А тим, имаше посета на ФК Вардар, еден од македонските тимови од првата лига. Билим размени гледиште со официјални лица на клубот за време на посетата и гледаше пријателски меч на Вардар, откако го разгледа тренинг-центарот што го има клубот“, велат од Бешикташ.

Во Бешикташ не знаат дека Вардар е второлигаш, а и повторно не кажаа дека имало договор за долгорочна соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести