Бешикташ преку официјално соопштение негира „дил“ со Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар минатата недела информира дека Бајрам Билим, кој е шеф на скаутинг-службата на овој турски гигант, бил во посета на Црвено-црните и остварил средба со раководството, по што е најавена долгогодишна соработка.

Денеска од Бешикташ стигна официјално негирање на договор со Вардар.

„Веста во медиумите дека е потпишан договор за соработка помеѓу нашиот клуб и македонскиот клуб Вардар не е вистинита. Љубезно ги молиме нашите фанови да не веруваат во таквите вести“, велат од турскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести