По објавените шпекулации дека Бешикташ ќе ги купи Андерсон Талиска и Серхио Рамос, истанбулскиот клуб се огласи со официјално соопштение во кое потврди дека преговорите со овие двајца фудбалери се прекинати и тие нема да станат членови на Црните Орли.
„Талиска и Рамос со нивниот квалитет имаат важно место на пазарот во светскиот фудбал и секој клуб, секој претседател и секој тренер би ги посакал во својот тим. Тие беа на трансфер-агендата и на нашиот клуб. Имавме контакти со клубот на Талиска и со Рамос, водевме преговори во кои се водевме по интересот и можностите на нашиот клуб. Поради несогласувања околу финансиските услови, преговорите се прекинати“, објавија од Бешикташ за да нема веќе шпекулации меѓу јавноста и нивните навивачи.