Бесплатната Спортска прогноза ги чека вашите типови до денеска во 15.30 часот

Со мечевите Штутгарт – Лајпциг и Вердер – Фрајбург, денеска во 15.30 часот почнуваат натпреварите од 17-тото коло на бесплатната игра на Sport Life, Спортска прогноза, и тоа е крајниот термин до кој може да се вклучите со ваши прогнози.

За натпреварот во Штутгарт, 60,7 проценти од играчите кои досега се изјасниле, типувале победа на гостите, а во победа на Вердер веруваат 62,2 отсто од играчите.

Во основната понуда, има уште три меча кои се играат денеска, а според процентите, фаворит е Њукасл на гостувањето кај Фулам, Марсеј против Монако, додека за Мајорка – Бетис најголем дел од играчите прогнозирале нерешено.

Најголем фаворит на прогнозерите е Џенова за чија победа против Лече типувале 80,5 отсто. Има парови и кај кои најголем број пргонозери предвидуваат нерешен исход, тоа се Клермон – Стразбур и Лацио – Наполи.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, им следува ваучер од 1.000 денари од Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести