15.8 C
Skopje
сабота, 27 септември 2025

Бетер од Евровизија: новинарите од Шкотска и Грузија за „Златна топка“ гласале за своите

„Франс фудбал“ во своето печатено издание ги објави гласовите на новинарите кои гласаа за Златната топка за 2025 година, а како и секоја година, повторно имаше чудни и изненадувачки гласови.

За потсетување, новинарите од 100 земји мораа да земат предвид три критериуми за да го направат својот избор: индивидуални перформанси, потоа тимскиот аспект и освоените трофеи и, класата и фер-плејот.

Кај мажите победи Усман Дембеле со голема предност пред вториот Ламин Јамал.

На Дембеле најнизок ранг во гласовите му бил петти. И покрај исклучителната сезона, победникот на Лигата на шампионите со ПСЖ не заслужил да биде меѓу првите 4 според новинарите од Бахреин, Бразил, Обединетите Арапски Емирати, Мозамбик и Ел Салвадор.

Новинарот од Мозамбик, претпочитал да го стави Килијан Мбапе на прво место, и тој беше единствениот што го стори тоа. Во Грузија и Шкотска, локалните новинари ја покажаа својата патриотска нота давајќи им го првото место на Хвича Кварацхелија односно Скот Мектоминај.

Патриотско гласање имале и Мароманецот кој му дал максимален број бодови на Ашраф Хакими, како и Египќанецот кој го сместил Мохамед Салах на прво место, а Ламин Јамал го сместил на деветто место зад Кол Палмер (5-то) или Џуд Белингам (6-то).

Албанскиот новинар веројатно има симпатии кон Челзи бидејќи Кол Палмер го ставил на второ место зад Дембеле, Енцо Мареска му е број 2 меѓу тренерите.

Гласовите од Македонија ги дава Марио Сотировски од Вечер кој ги погоди победникот и вториот. Тој на прво место го ставил Дембеле, на второ Јамал, а на трето Рафиња. Им дал поени и на Витиња, Салах, Мбапе, Палмер, Дуе, Думфрис и Педри.

 

- Оглас -

Најнови вести