Бетис се спаси во последен миг, Фиорентина ја продолжи црната серија

Бетис се спаси од четвртиот пораз во серија, со голот на Федал во 94. минута против Еспањол, а во Серија А продолжува голготата на Фиорентина со нов пораз од Сасуоло.

Тимот од Севилја избегна нов неуспех со погодок во последните моменти од мечот против Еспањол што заврши нерешено, 1:1. Се играше без преголем имаператив, бидејќи и двете екипи не можат ниту да испаднат, ниту да бијат битка за позициите кои водат во Европа.

Фиорентина загуби од Сасуоло со 0:1 и го одигра десеттиот меч без победа во низа. Тоа е една од најцрните серии на клубот од Фиренца, а гостите ги освоија бодовите со голот на Берарди во 37. минута.

Веднаш потоа Верету промаши пенал за Фиорентина. Двете екипи сега ги сменија местата на табелата, а Сасуоло со 41 бод ја прескокна Фиорентина, која остана на 40 бодови.

- Оглас -

Најнови вести