Фудбалерите на Бетис рутински дојдоа до победа на домашен терен против Осасуна со 2-0 во натпреварот од седмото коло на Ла Лига, а дуелот остана запаметен по историскиот подвиг на тренерот Мануел Пелегрини, кој стана стратег со најмногу натпревари на клупата на тимот од Севилја.
🟢 #BETIS. EL MOMENTO DE LA NOCHE.
— El Correo de Andalucía (@elcorreoweb) September 28, 2025
Manuel Pellegrini recibe la placa conmemorativa de parte del Betis al convertirse en el entrenador con más partidos dirigidos, 264, superando así a Lorenzo Serra Ferrer.
▶️ @alexmerida11 pic.twitter.com/1J0VEDg6Uu
Голот за водство на Бетис го постигна Абдел Езалзули во 19-та минута, по одлична акција во која Пауло Форналс со пресинг ја одзеде топката од противникот. Кучо Ернандез со елегантно додавање со петица ја доведе до Мароканецот на Бетис, кој од непосредна близина го совлада голманот на гостите од Памплона.
Во продолжението, домаќините го диктираа ритамот и беше само прашање на време кога ќе ја удвојат предноста, иако првото полувреме не донесе големи шанси за Бетис.
Во 38-та минута Ернандес постигна втор гол, со исклучително мудар удар по грешка на голманот на Осасуна. Гостите од Памплона малку недостасуваше да се вратат пред полувремето, но Анте Будимир шутираше непрецизно од одлична позиција.
Бетис се искачи на шестото место и го подигна расположението пред обврските на меѓународната сцена против Лудогорец во Бугарија, додека Осасуна остана на скромното 14-то место.