Одбојкарската репрезентација на Македонија беше на само еден поен од освојување на сет на гостувањето кај Грција во меч од квалификациите за ЕП 2026.
Првте два сета нашиот јужен сосед ги доби со убедливи 25-18 и 25-15, а третиот беше најнеизвесен и драматичен, на крај им припадна на Грците со 27-25.
Во тој трети сет Македонија водеше со 12-7, но Грците со серија од 7-2 изедначија на 14-14, а потоа домашните направија пресврт и се влезе во неизвесна завршница. Македонија при 24-23 и 25-24 имаше две сет топки, но за жал не ги искористи.
Сега останува во последното коло дома да ја победиме Грузија со 3-0 во сетови, што е реално да се случи, но дали ќе играме на ЕП ќе зависи и од резултатите во другите групи затоа што борбата ќе биде да бидеме меѓу најдобрите второпласирани.