Барселона по вторпат го победи Фленсбург во четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите и повторно ќе игра на фајналфор турнирот во Келн, каде што ќе ја брани титулата.
Шпанскиот гигант вечерва ги победи Германците со 27:24, првиот меч го доби со 33:29 и ќе игра за 11-та шампионска круна во Лигата на шампионите.
https://twitter.com/ehfcl/status/1527350733883920396?s=20&t=aEJve4EjCbz-OhP7r3_dWA
Дика Мем со шест гола беше најефикасен во реваншот вечерва, а ист број погодоци за Фленсбург постигна Ван.
Вечерва од 20.45 часот ќе се игра и реваншот меѓу Кил и ПСЖ, а првиот меч заврши нерешено 30:30, по што ќе бидат познати сите учесници на Ф4 турнирот за европската круна.
Покрај Барселона, во Келн ќе патуваат и Веспрем и Кјелце, екипи кои беа подобри од Алборг, односно Монпелје во четвртфиналните двомечи.