Без милост: Баерн му даде четири гола за 7 минути на Баер во Леверкузен

Баерн Минхен убедливо со 5:0 води на гостувањето кај Баер Леверкузен во меч кој требаше да биде дерби во Бундеслигата. Роберт Левандовски со прекрасен погодок по само три минути игра, најави дека шампионот е расположен за погодоци. Голот на Левандовски може да го видите ТУКА.

По тој погодок, мирно беше до 30 минута, а потоа се случи „баварска бура“. Во само седум минути, Баерн постигна уште четири гола. Левандовски повторно погоди за 2:0, а потоа Милер во 34 минута зголеми на 3:0. Само 60 секунди подоцна Гнабри погоди за 4:0, а веќе во 37 минута, Гнабри со својот втор погодок на мечот, погоди за неверојатни 5:0.

Овој дуел на „Бај арена“ е борба на две екипи кои со победа претендираа да се искачат на врвот на табелата во Бундеслигата, а Баерн доминантно потврди кој е најголем клуб во Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести