Магија на Левандовски меѓу пет играчи на Баер (Видео)

Баерн Минхен по само три минути игра поведе на големото дерби против Баер во Леверкузен и тоа благодарение на првата ѕвезда во Бундеслигата, Роберт Левандовски. Најдобриот стрелец во германското првенство со фантастичен потег го матираше голманот на домаќините.

Иако беше опкружен со неколку противнички играчи, Левандовски на мајсторски начин со петица успеа да погоди. Голот на Левандовски може да го погледнете ТУКА.

Дека е расположен во дербито, Левандовски покажа и во 30 минута кога со својот втор погодок донесе предност од 2:0 за актуелниот германски првак.

- Оглас -

Најнови вести