Без оправдувања, Македонија мора да го декласира Гибралтар

6782 Македонија – Гибралтар (18 часот)

Нема да биде доволно само победа, Македонија ќе ги лечи раните од поразот од Грузија така што ќе мора да издоминира против Гибралтар. Во претходниот меѓусебен дуел во овој циклус, Рисовите без многу трошење ги освоија трите бода со резултат од 2-0, а денес посакуваме поубедлив триумф за враќање на довербата кај навивачите.

Со вкупна гол разлика од 8-0 во три меѓусебни средби, треба да се одржи овој биланс и за крај на јунскиот циклус да се истакне вистинскиот квалитет на избраниците на Милевски.

Предлог тип: 1-1 & 3-5 (2.11)

 

6778 Норвешка – Шведска (18 часот)

Норвешка е на добар пат да го освои првото место во групата 4 од сегментот Б, па затоа се очекува да го добие и второт скандинавско дерби против Шведска.

Халанд со два гола беше џелатот на Швеѓаните во меѓусебниот дуел минатата недела и нема да биде изненадување доколку новата ѕвезда на Сити повторно ја наполни мрежата на Олсен.

Норвежаните точно една година не знаат за пораз на домашен терен, додека Шведска бележи само еден триумф во последните пет меча како гостинска селекција.

Предлог тип: 1 (2.02)

 

6775 Шпанија – Чешка (20:45 часот)

Фуријата посакува да врзе две победи по минималните 1-0 над Швајцарија, а воедно да го поправи впечатокот од ремито со Чешка од 2-2 кое се одигра минатата недела.

Тимот на Луис Енрике мора да запише сигурен настап за да остане во игра за првото место во групата 2 од сегментот А, на кое засега стои Португалија со 7 бода, два повеќе од Шпанија.

Шпанците досега двапати ја вгостиле Чешка и славеле со идентични 1-0, но за вечерва предвидуваме поефикасно издание на домаќините.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 2+ (1.82)

 

6776 Швајцарија – Португалија (20:45 часот)

Швајцарците повеќе нема за што да играат освен за престиж, откако претрпеа три порази и речиси сигурно ќе испаднат во сегментот Б за следното издание на Лигата на нациите.

Но, тоа не значи дека домаќинот без борба ќе ги подари трите бода на актуелниот бранител на трофејот во ова натпреварување. Треба да се знае дека Португалија цели 33 години нема победено на швајцарско тло, односно двапати загуби во последните три гостувања и памети едно реми.

Она што нам нè интересира е двете селекции да бидат напаѓачки ориентирани и повеќекратно да се тресат мрежите во Женева.

Предлог тип: 3+ (1.95)

 

6779 Словенија – Србија (20:45 часот)

Облак правеше чуда против Норвешка, па сега Словенците се надеваат на уште едно врвно издание на еден од најдобрите голмани во светот за да избегнат репризно сценарио од дебаклот во Белград.

Минатата недела Србите сместија четири парчиња во мрежата на голманот на Атлетико, па Орлите се самоуверени дека може да го повторат голгетерското издание.

Ова ќе биде само второ гостување на Србија во Љубљана, првото не го паметат по добро бидејќи загубија со 1-0 во октомври 2011 година.

Предлог тип: X2 & 2-4 (1.93)

- Оглас -

Најнови вести