Парма, која беше ослабена со неиграњето на ветераните Џанлуиџи Буфон и Горан Пандев, немаше шанси за изненадување на гостувањето кај лидерот на Серија Б, Кремонезе.
Кремонезе победи рутински со 3-1 и изби на прво место, со два бода пред Лече, а Лече има и еден меч помалку. Парма е 13-та и го претрпе првиот пораз откако во зимскиот преоден рок го ангажира Пандев. Македонската фудбалска легенда е повредена и вечерва не можеше да помогне.