20.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Без повредениот Димитријевиќ, Армани Милано доживеа дебакл од Тренто

Армани Милано претрпе катастрофален пораз на гостувањето кај Тренто во дуел од италијанската кошаркарска лига. Манекените постигнаа само 57, а примија 91 поен, и на крај со спуштени глави го напуштија теренот.

Тренто е лидер на табелата со перфектен скор 6-0, но скапиот тим од Милано во кој има многи ѕвезди од типот на Миротиќ, Лидеј и останатите, не смееше да си дозволи ваков бродолом на меч од домашната лига.

Ненад Димитријевиќ не настапи поради повреда на палецот на раката, па не можат да го обвинат дека е виновен за катастрофата, туку се виде дека без него се немоќни.

- Оглас -

Најнови вести