Безобразнo добра понуда: Се прави план повторно да бидат тандем Суарес и Меси

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, го отври својот голем план за јануарскиот преоден рок. Првиот човек на Јорганџиите сака да го доведе Лионел Меси на „Ванда Метрополитано“ и повторно да го спои дуото Луис Суарес – Лионел Меси.

Во Атлетико пред 10-тина дена дојде Суарес, и тоа откако Уругваецот беше отпишан како непотребен во Барселона. Овој потег и заминувањето на Суарес многу го погодија Меси, кој упати и јавно писмо до својот некогашен соиграч, но и голем пријател.

Дека Суарес е далеку од непотребен, се потврди само по 20-тина минути одиграни во новиот дрес на Атлетико. Со два гола и една асистенција, Суарес покажа дека уште е страв и трепет за противничките голмани. Меси сакаше да си замине од Барселона ова лето, а најголем фаворит за неговиот потпис беше Манчестер сити. Сепак, од Барселона не дозволија Лео да си замине и решија да го задржат.

Аргентинскиот виртуоз има договор со Барселона до крајот на сезонава, па каталонскиот гигант ако сака да заработи некоја пара од евентуален трансфер, ќе мора да го продаде во јануари. Токму тука шансата ја гледа Атлетико Мадрид. Серезо верува дека повторно може да ги спои Меси и Суарес во еден тим.

„Ако се сака, сè е можно. Ако Меси сака повторно да заигра со Суарес, му порачувам дека може слободно да дојде и тука ќе се чувствува како дома“, рече претседателот на Атлетико во интервју за едно од најслушаните радија во Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести