Бјелса му фрли мерак на напаѓач на Ливерпул, Лидс ќе биде опасен во преодниот рок

Велшкиот напаѓач Хари Вилсон, кој сезонава игра за Борнмут како позајмен од Ливерпул, во следната сезона би можело да заигра во ист тим со македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски, се разбира ако Лидс влезе во Премиер лигата.

Според информации од некои медиуми, тренерот на Лидс, Марсело Бјелса, „му фрлил око“ на 23-годишниот Вилсон, за кого смета дека би бил одлично засилување во нападот, а сака да го купи и резервниот голман од Арсенал, тоа е Аргентинецот Емилијано Мартинес.

Лидс е лидер на Шампионат лигата и има добри шанси да се пласира во Премиер лигата, а за таму ќе бидат потребни засилувања во играчкиот кадар. „Лудиот“ Бјелса смета дека Вилсон и Мартинес во Лидс би ја добиле вистинската шанса за докажување во елитното англиско натпреварување бидејќи во нивните матични клубови конкуренцијата е пресилна, па иако оваа сезона уште не е завршена, веќе им најавил дека ги планира за следната. Цените на фудбалерите се очекува да паднат, па Лидс е подготвен да издвои дел од буџетот за играчи кои ги бара популарниот Локо.

- Оглас -

Најнови вести