Бjeлса не се плаши од Ливерпул: „Енфилд“ е „Енфилд“ само кога има публика

Аргентинскиот тренер кој го води новиот премиерлигаш Лидс, Марсело Бjелса, со нетрпение го чека враќањето на јоркширскиот тим во Премиер лигата, а првиот меч на Лидс е најтешкиот можен, против шампионот Ливерпул на стадионот „Енфилд“. Но, средбата ќе се игра без навивачи и Бjелса најавува дека Лидс ќе игра храбро.

„’Енфилд’ е ’Енфилд’ само кога таму има публика. Ќе биде специјален меч за нас, многу поразличен од тие што ги имавме во минатата сезона. Секогаш сум нервозен пред секој натпревар, треба да бидам загрижен ако не сум нервозен“, вели популарниот Локо (Лудакот).

Потоа контроверзниот Бjелса, кој можеби против Ливерпул ќе му даде шанса да игра и на нашиот Езџан Алиоски, ги пофали Црвените, како и нивниот стратег Јирген Клоп.

„Тие се заслужено шампиони, имаат конзистентен стил на игра. Без дилеми, тие се еден од најдобрите тимови на светот. Работата на Клоп во сите негови тимови му дава шанса да блеска во сите лиги во коишто учествувал“, рече Бjелса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести