Марсело Бјелса пред неколку дена доби отказ во Лидс по одличните неколку сезони во тимот, а сега е пред нов ангажман.
Леванте на Енис Барди е заинтересиран за ангажман на легендарниот аргентински стратег откако тимот во оваа сезона се бори грчевито за опстанок. Бјелса наводно е веќе во Шпанија на преговори со овој тим, а само формалност ги дели од официјализирање на договорот.
Тимот на македонскиот репрезентативец во моментов е предводен од Хавиер Переира, а во Ла Лига е последен со 18 бодови. Од 21 часот, Леванте ќе му гостува на Атлетик Билбао.
За Бјелса ова е враќање во најсилната шпанска лига бидејќи во периодот од 2011 до 2013 го предводеше токму Атлетик Билбао.