Биг Сем се налути: Се обидуваат да не исфрлат од Премиер лигата

Сем Алардајс се налути и реагираше на одлуката на челниците на Премиер лигата, Вест Бромвич Албион да го игра клучниот меч за опстанок утре од 13 часот против Њукасл.

Клубот од Бирмингем побара да се игра во понеделник, но беше одбиен од луѓето што раководат со англиското прврнство.

„Премиерлигата се обидува да не исфрли со ваквата одлука. Ние игравме во четврток навечер и сега ќе треба пак да играме во чуден термн три дена подоцна. Ова е клучен меч за нас и побаравме да се игра во понеделник, но не одбија. Како некој да сака да испаднеме“, изјави популарниот Биг Сем, еден од највлијателните фудбалски тренери во Англија во новиот милениум.

Играчите на ВБА имаа малку време за одмор пред исклучително важниот дуел со Њукасл. Бромвич е претпоследен на табелата со 17 бода, девет помалку токму од Њукасл и од Брајтон, екипи кои се веднаш над зоната за испаѓање.

Победа на домаќините, утре од 13 часот ќе им ги задржи шансите за опстанок во елитата, а евентуален пораз ќе им донесе голем јаз од 12 бода во однос на Њукасл, што би значело веројатно и простување од шансите за опстанок.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести